Заеднички настан по повод Денот на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството на Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст на кој беа доделени признанија за крводарители и учесници во организација на крводарителски акции.
-Денеска слушнав одлична информација – моите ѓорчепетровци преку крводарителските акции кои ги организиравме со Црвениот крст лани собрале рекордни единици крв од вкупно 58.000 на државно ниво. Тоа значи дека сме на добар пат заеднички да оствариме уште поголеми успеси со Црвениот крст, што значи да им помогнеме на што повеќе лица на кои им е потребна капката крв. Горд сум на моите сограѓани што несебично дарувале крв и покажале хуманост и емпатија – рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на заедничкиот настан со Црвениот крст.
Крводарителството е показател за високи етички, морални и хумани вредности. Честитки за признанието на Љубинко Ристов за 130 пати доброволно дарување крв и за неговиот придонес во унапредување на крводарителството. Честитки и за Раде Станковски, Тони Трајковски, Ацо Стоилковски, Добре Трајковски, Маријанчо Петковски, Љубиша Мисајловски, Викторија Митровска и Божин Давидовски за доброволно дарување крв и покажана хуманост и за организација и постигнати резулати во крводарителството. -Како локална единица во соработка со Црвениот крст продолжуваме и понатаму со поддршка и со организацијата на настани преку кои индиректно спасуваме човечки животи – додаде Стојкоски.