Редовна пролетна дезинфекција и дератизација на училишта и општински објекти во Ѓорче Петров.

Службите стартуваа со работа на улицата „Шидска“ во централно Ѓорче од каде ќе се продолжи со дератизација на 2.500 шахти на територија на општината.

Истовремено, вршиме дезинфекција и дератизација и во сите шест училишта во Ѓорче Петров, а со пролетната акција опфатени ќе бидат и сите општински објекти. Здравјето на децата и генерално на граѓаните ни е на приоритетно место. Акцијата ја започнуваме навремено со цел да превентираме пред почетокот на потоплите пролетни денови и заради навремена заштита од штетници и глодари.

Share