Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница позитивно се изјасни за новите развојни проекти кои ќе донесат значителни капитални чекори во општината.

Советниците изгласаа нова спортска сала во училиштето во Хром, 42 милиони денари за реконстуркција на улици и проектирање нова детска градинка во Даме Груев.

Освен тоа, на советот се разгледаа и се изгласаа проектите “Пешачка патека со улично осветлување” од Волково до Орман во должина од 2 км., како и ново улично осветлување на ул. “Радушка”

Исто така, во план се и реализација на нови јавни повици во спортот и културата кои на транспарентен начин ќе донесат нови проекти за сите ѓорчепетровци.

– Ова е правилната насока по која се движиме и работиме исклучиво за јавното добро. Ништо нема да не поколеба по патот на чесноста и домаќинското работење се до конечно урбанизирање на Ѓорче Петров – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Ова, како што додаде, се неопходни проекти кои ни се потребни.

– Ова е само дел од нашата идеја за развој на Ѓорче Петров – подвлече Стојкоски.

Share