По долги години барање најразлични решенија во однос на одржувањето на наставата во ООУ ,,Тихомир Милошевски”, конечно учениците ќе учат сите заедно во една смена, а со тоа и ќе се заштедат средства кои што во изминатите години беа енормно поголеми, поради греењето на училиштето во зимскиот период, како и други пропратни трошоци.
Изградено е ново крило на две нивоа со вкупен капацитет од 6 училни, 6 тоалети. Во секој од тоалетите има по три кабини (машки и женски), како и една кабина за лицата со попреченост кои досега ги немаа во целост условите во ова училиште.
Изградена е и нова трпезарија и во новиот дел е вграден и лифт за совладување на висината. Целосно е обновена хидрантската мрежа, како и промена на системот за греење на целото училиште. Училиштето порано се загреваше на дрва, а сега целото училиште се загрева на нафта, при што е инсталирана е 20 тонска цистерна и целосно нова котлара.
На катот предвидена е уште една доградба со канцеларии за потребите на наставничкиот кадар, во делот над влезот од задниот двор, со што се со што се оформува настрешен дел над самиот влез. Целиот дел од доградбата, вклучувајки го и постојниот дел со катност П+1, предвидено е да бидат под еден ист кров, со што предвидена е комплетна демонтажа на постојниот кров покриен со салонит плочи и оформување на единствен кров од систем на решетки со пад од 12% покриен со лим.
Извршена е реконструкција на санитарни јазли во приземје и на кат, обезбеден е и санитарен јазол за лица со попреченост, училишна кујна е дислоцирана во сегашната просторија за технички п
ерсонал, споена со сегашниот кабинет по физичко во приземје со системот за издавање на храна „група на маса“ – со делење порции од страна на наставникот. Сместена е во близина на влезот, со што во иднина би можело да се овозможи директен дотур на храна во истата со директен влез од дворот.
Исто така, обезбедени се просторија за хигеничарки (технички персонал), доградба на нови канцеларии – доградба на нови канцеларии, со што се добива цел еден наставнички дел и комплетно е реконструирана постоечка котлара, сместена во подрумски дел на стариот објект.
Проектот е финансиран од Министерството за образование и за истиот се одвоени 33 милиони денари.