Во црквата Св.Недела во Кучково беше одбележан истоимениот празник со меѓусебни желби оваа светица да донесе здравје и благосостојба во домовите.
-Овој ден е вистински празник за мештаните и се прославува со голем ентузијазам од страна на жителите на Кучково и околината. Нејзиниот животен пат е пример како се сака верата и пример за љубов кон христијанството. Таа од детството била посветена само на Бога. Се верува дека Св.Недела им помага на верниците да имаат подобар живот – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој присуствуваше на одбележувањето.
За многу години нека ни е празникот, додаде, и уште многу вакви собири да поминеме заедно.