Започна реконструкцијата на игралиштето за баскет во ООУ “Мирче Ацев”, кое што е од огромно значење за учениците од ова основно училиште, но и за дечињата кои што живеат во непосредна близина на училиштето. Целосно ќе биде обновена подлогата, ќе бидат заменети реквизитите кои што се оштетени или дотраени, а ќе биде уреден и страничниот дел покрај игралиштето.

Општина Ѓорче Петров во текот на наредниот период активно ќе работи на разубавување на училишните дворови, игралиштата, како и детските реквизити и играчки кои што се користат од страна на најмладите жители во општината.

Наш мотив и императив е младите во Ѓорче Петров да се занимаваат со спорт и да негуваат здрав дух, кој што е навистина неопходен во овие времиња кога технологијата го зема данокот и отсуството на младите од игралиштата е се поголемо.

Share