Општина Ѓорче Петров го потпиша договорот за изградба на фекален колектор во с. Орман кој ќе го изведува „Вардар градба“ ДООЕЛ Скопје.

Жителите на ова населено место ќе добијат целосно нов систем за третман на фекалните води. Колекторот е проектиран да биде во должина од 633 метри, ќе ги прифаќа отпадните води од фекалната канализациона мрежа во Орман и ќе ги спроведува до станица за третман на отпадни води со големина од 1.200 еквивалент жители.

Средствата ги обезбедува Европска Унија, преку Програмата за прекугранична соработка Македонија-Косово и Министерство за локална самоуправа, а кофинансира и општина Ѓорче Петров.

Со овој значаен проект, но и со изградбата на новата канализациона мрежа во овој дел на Ѓорче Петров, решаваме долгогодишен проблем на тамошните жители, но и конечно го урбанизираме Орман како што граѓаните заслужуваат.

Share