Општина Ѓорче Петров беше домаќин на над 300 пензионери од Ѓорче, Карпош, Сарај, Тетово и Гостивар во рамки на 27-мите регионални пензионерски спортски игри.
Во игрите учествуваа над 300 пензионери од вториот регион. Овие спортски игри се доказ дека и во третата доба од животот може да се биде во добра физичка состојба.
-Со самото учество на овие игри, сите пензионери се победници, бидејќи тие во себе носат силна волја, многу енергија и се подготвени за физичка и духовна релаксација – рече градоначалникот Александар Стојкоски на отворањето на настанот.