Општина Ѓорче Петров

Наменските возила можат да се користат за :

  • -Превоз на корисници со место на живеење во општина Ѓорче Петров, кои не се во можност самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена услуга.
  • -Старост (над 65 години) и/или телесна попреченост како и  оштетено сетило за  вид и слух, лице придружено со болест и неможност или потешкотии, при самостојно движење;
  • -Лице кое живее само или со семејство  на социјално загрозени категории и не е во можност да го однесат во соодветната здрвствена установа врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услугата за транспорт , поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.

Корисникот кој има потреба од превоз , може да се јави на телефонскиот број 02/15330, во Контакт центарот на ЦКРСМ, секој ден во текот на 24 часа, преку кој однапред би го закажал својот термин за превоз до одредена институција, по принципот на временски редослед на закажување. Со остварување на еден телефонски повик може да се закаже превоз единствено за еден корисник, и тоа до една конкретна дестинација, и назад. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот на прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од понеделник до петок од 08.00-16.00 часот.

Корисникот при закажување на термин за користење на наменско возило потребно е да даде целосни и вистинити податоци и тоа:

–          лични податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, и сл.);

–          потребата за користење на придружба за време на превозот со наменско возило и  доказ за закажан термин за специјалист,  друг лекарски преглед и слично. ;

–          краток опис на здравствената состојба и/или состојбата во која се наоѓа и причината заради која има потреба од превоз со наменско возило. Доколку корисникот е подвижен, превозот ќе се реализира со мало наменско возило, а  доколку корисникот е неподвижен, превозот се врши со специјално наменско возило;

–          адресата на живеење, односно адресата од која е потребно да се реализира превозот, како и назив, како и адреса доколку ја поседува оваа информација на институцијата, до која бара да биде превезен, датум и час на превозот, а во случај на потреба и временски период за враќање;

–          податоци за  лице и телефонски број на кој ова лице ќе биде контактирано во случај на итна потреба;

Лицето кое е жител на општина Ѓорче Петров има право на бесплатен превоз  кој е финансиран од страна на општината во еден правец максимум 4 пати во текот на 1 година. Доколку има потреба од повеќе од 4 транспорти, истиот може да го плати согласно утврдениот ценовник на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Share