Основното училиште „Ѓорче Петров“ под мотото „Да го следиме детското срце исполнето со љубов, слобода, мир и хуманост” со повеќе настани го одбележа патрониот празник.

Дечињата приредија одлична претстава во чест на големиот револуционер Ѓорче Петров, проследена со драматизација.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски кој истакна дека Општина Ѓорче Петров останува верен партнер на сите училишта и ќе продолжи подеднакво да вложува во подобрување на условите за работа на наставниот кадар и нашите најмлади жители.

-Од 1964 година до денес од оваа образовна институција излегоа кадри со кои денеска се гордееме и кои се дел од важни позиции во нашето општество – додаде Стојкоски во обраќањето.

На приредбата и претходеа спортски активности кои покажаа дека во ова училиште има одлични таленти кои во иднина може да бидат дел од светските спортски сцени.

Share