Општина Ѓорче Петров во соработка со фирмата „Екон електрон“ постави два нови контејнери за електричен и електронски отпад.

Локацијата на едниот контејнер е кај „Тинекс“ маркет во централниот дел на Ѓорче Петров, додека другиот е во руралниот дел на општината, односно кај маркетот „Ралекс“, непосредно до поранешно „Шкорпион“.

Апелираме за совесно користење на контејнерите, но и генерално да постапуваме свесно кога станува збор за животната средина, односно да депонираме на места означени за таа намена.

Share