Благовец е еден од најважните денови во христијанството. По повод овој празник, денеска во црквата Св.„Петар и Павле“ богослужба одржа архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан кој со своето присуство даде посебно духовно искуство на чинот.
Според Библијата, Благовештението е денот кога архангелот Гаврил објавил на Девојката Марија дека ќе роди Исус Христос, Спасителот на светот. Овој ден е значаен за христијаните како почеток на Исусовиот живот и дело на земјата, кој потоа завршува со крстоносната смрт и воскресението. Во нашата христијанска вера, Благовештението е момент на големо променување, привлекувајќи ги сите луѓе да се запознаат со Божјата волја и да се вклучат во спасителното дело на Исус Христос.
-Овој ден е и прилика да се прослави нашата вера, да се помолиме за светлината на Божјата мудрост и да се почуствуваме како дел од Божјата црква. Секогаш е задоволство ваквите празници да ги поминувам меѓу моите сограѓани и заеднички да се молиме за здравје и благосостојба за нас и нашите блиски. Нека нашиот живот биде осветлен со Божјата милост и љубов, и да го прославиме Исус Христос со нашите дела и зборови. За многу години денот и честит именден на оние што празнуваат – рече Стојкоски по повод празничниот ден.

Share