Крводарителската акција во Центарот за култура во организација на општина Ѓорче Петров и Црвениот крст помина одлично. Собрани беа рекордни 59 единици крв.

Општина Ѓорче Петров изразува благодарност до сите граѓани за уште една направена хумана мисија за оние на кои капката крв им е најпотребна во моментов.

И во иднина ќе продолжиме со реализација на вакви акции со цел покренување на свеста за важноста на крводарувањето кое спасува човечки животи.

Share