Светскиот ден на лицата со Даунов синдром го одбележавме заедно со дечињата од 4-то и 5-то одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“ кои преку работилници им дадоа поддршка на децата и лицата кои боледуваат од овој синдром.

Симболично, на учениците им поделивме шарени чорапчиња кои означуваат солидарност со лицата со Даунов синдром.

-Ова беше една успешна порака испратена од најмладите. Целта на ваквите денови е и да се подигне свеста за овие лица и за надминување на предрасудите кон нив. Тие ги имаат истите основни човекови права како и сите останати. Затоа, потребно е заеднички да дејствуваме во насока на промени, особено на институционално ниво – порача градоначалникот Александар Стојкоски.

Децата и лицата со Даунов синдром, додаде, може да постигнуваат еднакви резултати со сите останати во уметноста, спортот, учењето.

-Да им бидеме секојдневна поддршка на овие лица – подвлече Стојкоски.

Share