По повод денешниот христијански празник Младенци, или еден од поголемите празници од пролетниот циклус, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на собирот во црквата Св.„40 маченици“ во Орман каде се славеше споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

-Граѓаните од овој крај на Ѓорче Петров со особена радост го чекаат и чествуваат денешниот ден. Овие празници се можност да се подружиме во духот на христијанството, да поразговараме за секојдневието, но и да се помолиме заедно за здравје – рече Стојкоски.

Тој упати честитка и до сите венчани изминатата година по повод Младенци.

-Ова е празник и на младоста и љубовта, поврзан со многу обичаи. Честит именеден и на оние кои го празнуваат денот – додаде Стојкоски.

Share