Општина Ѓорче Петров ја одржа првата трибина за превенција од семејно насилство во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, претставници на Општината, основните училишта, градинката Росица, ПСОН Ѓорче Петров и членови на Советот.
Целта е промоција и унапредување на родовата еднаквост и различноста на локално ниво, како и подобрување на условите и пристапот до сервисите на ранливите групи, посебно на жените жртви.
Во 2021 година, според податоците од полицијата, 92 лица поднеле пријави за семејно насилство. Ланската година бројот е намален на 77 лица, но забележано е зголемување на насилството кон децата. Никој, особено децата, не смее да биде жртва на друго лице, без разлика дали тоа е физичко или психичко малтретирање. Мораме и должни сме да преземеме чекори.
Со потпишувањето на меморандумот за соработка со Националниот совет за родова рамноправност, услугите на советувалиштето се достапни и бесплатни за жителите, а во иднина ќе работиме на создавање услови за локално советувалиште.
Ова е еден наш придонес во борбата против оваа зачестена појава која е во пораст.
Општина Ѓорче Петров и натаму ќе продолжи со организација на вакви настани со цел превенција и навремено интервенирање против семејното насилство.
141 700 е бројот за бесплатно советувалиште за жртвите од семејно насилство.