Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги посети учениците од ООУ “Ѓорче Петров” кои низ песнички и стихотворби ги претставија македонскиот, турскиот, албанскиот, босанскиот, српскиот и ромскиот јазик и ја потенцираа нивната големина и важност.

-Нашиот македонски јазик е нашиот идентитет. Наша обврска е да го негуваме, употребуваме и шириме низ светот при секоја можност. Нашиот јазик е нашето најголемо богатство и треба да се гордееме со него – им се обрати Стојкоски на присутните.

Во ова училиште учениците се користат со повеќе јазици кои сами по себе се посебни и придонесуваат мултикултурализмот да се издигне на едно повисоко ниво и сите деца да бидат подеднакви.

Share