Општина Ѓорче Петров во пресрет на Василица подели над 70 пакети со прехранбени и хигиенски производи на социјално-ранливи лица и семејства од нашата општина.

Во соработка со општествено одговорната компанија “Кам маркети” успеавме навреме да обезбедиме производи кои им беа неопходни на овие наши жители.

Лицата на кои им беше доделена помош се евидентирани во нашиот систем, односно во социјалната карта на општината како социјално загрозени.

Како одговорна локална самоуправа и општина која го доби и оправдува приматот “хумана”, во рамки на нашите можности и во соработка со други субјекти, и во иднина ќе продолжиме да помагаме онаму каде што е неопходно.

Share