Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска присуствуваше на чинот на закројување лозје кај црквата Св.„Трифун“ во с.Кучково по повод истоимениот православен празник.
Овој празник е големо значење за жителите на селото Кучково. Продолжувањето на оваа вековна македонска традиција, како што истакна Стојкоски е со желби за бериќетна и плодна година за род на грозјето.
-Овој празник е од особено значење за моите сожители од Кучково, посебно за градинарите и лозарите. Општина Ѓорче Петров традиционално, секоја година, се вклучува во одбележување на денот на кој секогаш му претходи литургија во црквата Св.„Трифун“. Нека е плодна годината и за многу години празникот – рече Стојкоски по настанот.
Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи.