Со над 50 граѓани од општина Ѓорче Петров градоначалникот Александар Стојкоски оствари одделни средби во рамки на приемниот ден организиран од наша страна.

Дискусија се водеше за проблеми од повеќе области, а акцент беше ставен на инфраструктурни прашања.

-Тука сме за заеднички да ги решиме нивните секојдневни проблеми, а во насока на модернизирање на нашата општина- рече Стојкоски.

Сите граѓани и сечија сугестија се добредојдени во општина Ѓорче Петров каде во наредниот период продолжуваат приемните денови. Заинтересираните граѓани може да закажат средба на официјалната мејл адреса: kontakt@opstinagpetrov.gov.mk.

-Од почетокот на мојот мандат остварувам секојдневни средби со граѓаните во општината, но и надвор од институцијата – додаде градоначалникот.

Share