Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со организацијата “Генералка Викенд” кои изминатата година реализираа повеќе еколошки акции во повеќе општини во Република Македонија, меѓу кои и скопските општини.
Годинава повторно во соработка со “Генералка Викенд” ќе се организира нова уште поголема еколошка акција која ќе биде реализирана вториот викенд од мај. На повеќе точно утврдени локации ќе се чисти џебниот отпад, но и кабастиот отпад кој ќе се одлага на неколку локации во Ѓорче Петров, од каде ќе биде складиран од страна на ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје.
Новитет оваа година е тоа што сите кои што ќе учествуваат во акцијата ќе можат директно да се вклучат на live stream-от кој ќе биде активен на фејсбук страната на “Генералка Викенд” во текот на целиот ден, се со цел да може да се прикаже колку активисти во ист момент чистат на многу локации во Скопје и другите градови.
Одлична придобивка за нас како општина е тоа што за секои 10 килограми собран отпад, ќе добиеме едно дрво кое што ќе го засадиме на некоја локација.