Во ООУ „Тихомир Милошевски“ со повеќе активности се одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Општина Ѓорче Петров во рамки на своите ингеренции, преку разни форми, прави максимални напори на овие дечиња да им го олесни секојдневнието.

Во ова училиште има 19 дечиња со попреченост. Тие секојдневно работат со специјален едукатор и со рехабилитатор. Ние како локална единица и во иднина ќе продолжиме инфраструктурно да ги адаптираме училиштата и надворешната средина за овие дечиња, но и програмите за работа во образовните институции, со цел да им ги олесниме совладувањата на материјалите во образовниот процес.

Share