Градоначалникиот на општина Ѓорче Петров, Александарв Стојкоски денеска присуствуваше на час кај 4-то Б одделенците од ООУ “Мирче Ацев” на кој се учеше за историјатот на општина Ѓорче Петров и за начинот на кој функционира општината.
Децата најмногу се интересираа за детските катчиња. Стојкоски им даде ветување дека ќе се работи на отворање нови и реконструкција на дотраените. Се интересираа и за работните обврски на градоначалникот, но и за тоа како го поминува слободното време.
-Секогаш е задоволство да се биде меѓу нив. Нашите најмлади жители се нашата иднина и секое поминато време со нив е квалитетно и продуктивно време – рече Стојкоски.