Општина Ѓорче Петров го одбележа ослободувањето на општината. Со положување свежо цвеќе, делегации од општината, им оддадоа почит на борците кои дале живот за слободно Ѓорче.

По ослободувањето во 1944 година , по желба на граѓаните, населбата го добила името на овој познат македонски револуционер. Тоа било нова етапа  на обнова и изградба на Ѓорче Петров, а денес по навршени 78 години од историскиот пресврт Ѓорче прераснува во општина со урбан и модерен лик. 

– Да ја негуваш љубовта кон татковината истовремено со борбата за слобода е одлика на храбри јунаци. Такви херои се печат на историјата.Македонецот е борбено човечко битие кое знае како е да се издвојува победа за слобода.Токму денеска ја славиме слободата. Ова е денот на историски пресврт кога нашето Ѓорче е ослободено во антифашистичката борба” истакна Стојкоски пред присутните во реонскиот парк.

Градоначалнокот на општината Ѓорче Петров додаде дека тој и сите учесници во креирањето на политиките мора да бидат херои на денешното време.

-Имаме на кого да се огледаме и од кого да учиме што значи љубов кон државата, борбеност и упорност. Нашата нација има со што да се гордее. Слава им на борците, нека е вековит денот” подвлече Стојкоски. 

Со низа настани општината Ѓорче Петров го одбележува овој голем ден. По повод чествувањето во с.Кучково се одржаа традиционални спортски игри со ученици од основните училишта и есенски базар со креативни изложи на ученици од ООУ “Страшо Пинџур”. 

Share