Општина Ѓорче Петров интензивно работи на завршување на градежните работи околу новата бушотина во Кучково, со цел решавање на деценискиот проблем со недостиг на вода со кој се соочуваа жителите на ова населено место.
Во тек е изведба на бунарската шахта, потисниот цевковод и контролната соба со нова автоматика и станица за хлорирање.
Во зависност од временските услови, целосна реализација на проектот очекуваме за две недели.