Одличен старт на првиот ден на “Звуци на културата 2022”. Одбележувањето на празникот на општината 20 септември почна со Ден на органска храна во Центарот за култура.

Општината првпат е домаќин на фестивал за органска храна која е се поактуелна за конзумирање.  

Во попладневните часови на истата локација беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општината, КУД „Глигор Прличев“ од Ѓорче Петров и играорни друштва од Србија и Босна и Херцеговина.

Денот беше заокружен со настап на играорците од земјава и регионот во рамки на меѓународниот детски фестивал „Златен вез 2022“.

Share