На 16-ти, 17-ти и 18-ти септември ќе се одржи првиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ во организација на Ансамблот „Глигор Прличев“ со поддршка од општина Ѓорче Петров.
Во рамки на три фестивалски денови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во промоција на фолклорот и раличностите.
Настапите се во Домот на АРМ на 16 септември во 18:30, во централниот парк во Ѓорче Петров следниот ден во 18:30 и на игралиштето „Бранители“ во Волково на 18 септември во 19 часот.
Гости на фестивалот се фолклорни групи од земјава и регионот.