Општина Ѓорче Петров оваа година пред стартот на училишната година обезбеди
ранчиња за секое прваче. Сите 430 првачиња од основните училишта од Ѓорче Петров заслужуваат квалитетно образование, добри услови за работа и квалитетна иднина за која ќе се залагаме заеднички.
На почетокот на новата учебна година, учениците ќе ги пречекаат хортикултурно средени дворови во сите училишта.
Обезбедивме и бесплатен појадок за сите првачиња, со цел финансиско олеснување на родителите кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште.
Првиот училишен ден нека биде најсреќниот ден за децата, а за родителите полн со емотивни моменти кои долго ќе ги паметат.