Нов зелен коридор на вкупна површина од 500-тина квадратни метри е поставен во централниот дел на општината, кај пазарчето.
На барање на граѓаните ова неуредено катче конечно добива целосно нов урбан лик.
Градот Скопје заедно со екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ започна со хортикултурно уредување на нова зелена површина на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров.
На површината се поставува систем за полевање, а ќе се формира и тревник по што планирано е засадување садници, веднаш штом се создадат поволни временски услови.