По налог на Град Скопје, а во корелација со општина Ѓорче Петров екипите на ЈП Улици и патишта Скопје завршија со асфалтирање на улицата „23“, која е во должина 120 метри и широчина од 3 метри на вкупна површина од 360 квадратни метри.

Продолжуваат активностите за изградба на повеќе од 20 улици во населените места во општина Ѓорче Петров, согласно предвидената динамика.

Share