Продолжува реконструкцијата на нови улици во општина Ѓорче Петров. Пет улици во Кисела Јабука првпат добија асфалт.
Асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4 и 6. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно првпат се асфалтираат на барање на граѓаните.
Во рамки на тековните градежни активности, асфалтирана е вкупна површина од 2.470 квадратни метри, а употребена е околу 400 тони асфалтна маса.
Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика.
Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.