Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше и се обрати на 20-тата, јубилејна, регионална пензионерска ревија на песни, музика и игри во организација на општина Ѓорче Петров.

-Фолклорот е уметност. Македонската музика и етнос се ниво на културен развој на најшироките народни маси на едно општество. Горди сме со тоа што не одбележува како нација и должност ни е да го негуваме, а Вие сте тие што ги пренесувате традициите на генерациите што доаѓаат – рече Стојкоски пред присутните.

Ревијата се вклопи со датумот на смртта на најголемиот македонски револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев.

-Визионер кој пред повеќе од 100 години го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Идеологот Делчев е наша гордост и значаен дел од историјата.

Токму Вие како генерација на ваков начин се заложувате за сочувување на историјата, традицијата и културатa – додаде Стојкоски.

Share