Успешно се реализираше акцијата за собирање на кабаст отпад и отпад од земјоделските површини во Волково, Стопански Двор, Ново Село, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Организацијата беше на компанијата „Екофлор“ која е и надлежна за собирање на комуналниот отпад во овој дел на општината.
Подигнати и уредно депонирани се вкупно над 12000 килограми различен вид отпад.
Во наредниот период планирани се следните активности :
-6 – 8 Мај ќе се вклучиме во Генералка Викенд, со цел да ја подигнеме свеста на локалната заедница за рециклажа
-16 – 20 Мај , заедничка акција со сите јавни претпријатија на градот Скопје