Екипи на општина Ѓорче Петров почнаа со санација на пешачката патека долж насипот на Вардар. Со овој зафат патеката ќе добие поголема функционалност, а жителите кои ја користат нема да наидуваат на препреки во движењето.

По ставањето во функција на новото ЛЕД осветлување, патеката е повеќе искористена и во вечерните часови. Следува поставување поголем број клупи и канти за отпадоци.

Share