Пристигнаа учебниците кои недостасуваа за прво одделение „Математика втор дел“ и навремено се дистрибуирани до училиштата.

Без никакви потешкотии вчера почна второто полугодие во сите шест основни училишта во општина Ѓорче Петров. Генерално, здравствената состојба на вработените во училиштата и на учениците е добра, а објектите се навремено обезбедени со греење.

Наставниците се подготвени со своите програми и планирања за реализација на наставниот процес. Училиштата веќе изготвија и полугодишни извештаи кои ќе бидат разгледани на Комисијата за образование при Советот на општината.

Share