Во просториите на МЗ Волково беше одржана јавна презентација на изменување и дополнување урбанистички план за село Орман, блокови 11, 12, 13, 14, 15, 15.1, 16 и 17, Општина Ѓорче Петров.

Со овој урбанистички план, предвидено е домување во станбени куќи со овозможување услови за директна реализација. Конечно се решаваат сообраќајните инфраструктурни проблеми со планирана инфраструктура што е неопходен предуслов за реализација на истата.

Во интерес на граѓаните го продолжуваме и рокот на јавната анкета од минималните законски предвидени 5 на 11 работни дена.

ДУПот е изложен во просториите на МЗ Волково, а анкетните листови со забелешки може да се доставуваат до 24.01.2022 во просториите на МЗ Волково и општина Ѓорче Петров.

Share