Општина Ѓорче Петров во рамки на своите можности ќе им помогне на Бранко и неговиот син кој е лице со посебни потреби, а чија куќа во Волково изгоре до темел во пожар.
На семејството ќе му бидат овозможени привремено сместување и достојни услови за живот, до трајно решавање на проблемот. Денеска ова семејство го посети и градоначалникот Александар Стојкоски кој рече дека општината исто така ќе помогне и финансиски, во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик.
Воедно, се делува и институционално. Веднаш беше испратен и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега.