Берберите од Општина Ѓорче Петров и оваа година ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност преку организирана акција за бесплатно потшишување на пензионери и лица од социјален ризик. Акцијата која се реализираше во Домот на културата во Ѓорче Петров претставува значаен придонес кон заедницата.
Со својата посветеност и несебичност, локалните мајстори на занаетот уште еднаш потврдија дека еснафот во Ѓорче Петров има силна хумана димензија и чувство за заедништво.
Посебна благодарност упатуваме до учесниците во акцијата: Пеко, Мики, Спасе, Нено, Аце, Даме, Боки, Бубе, како и до асистентот Циге, кои со својот ангажман придонесоа за достоинствена поддршка на најранливите категории граѓани.
Ваквите иницијативи ја зајакнуваат солидарноста и го унапредуваат квалитетот на живеењето во општината. Во таа насока, се разгледува можноста оваа хумана акција во 2026 година да прерасне во препознатлив и традиционален настан.




















