Во духот на празничната традиција, беше реализирана средба со вработените од Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како знак на благодарност и почит кон нивниот секојдневен труд и посветеност.
Празниците се вистинска можност лично да се изрази благодарност до сите вредни луѓе кои континуирано се грижат за чистотата, уредноста и квалитетот на животната средина во општината. Нивната работа, иако често незабележлива, е од суштинско значење за функционирањето на заедницата.
Годинава, како најистакнат работник беше награден Сами Љутвиу – Вујче, долгогодишен вработен и човек кој со својот стаж, ангажман и посветеност оставил силен печат во работењето на комуналните служби. Иако е тешко да се издвои само еден, признанието му беше доделено како симбол на благодарност за неговиот континуиран придонес низ годините.
Со желби за здравје, успех и уште поголеми резултати, на сите вработени им беше посакана среќна и успешна Нова година.















