Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за граѓаните, започнати се активности за уредување на влезот од градските гробишта и сервисната улица за пристап. Со оваа интервенција се обезбедува поголема безбедност, подобра функционалност и достоинствен пристап до овој простор.
Паралелно со овие активности, се спроведува темелно чистење на каналската мрежа, со цел трајно и системско решавање на проблемите со излевање на атмосферските води долж улиците „Радушка“ и „Арсени Јовков“. Со расчистувањето и одржувањето на канализациската инфраструктура се подобрува проточноста и се намалува ризикот од поплавување при обилни врнежи.
Станува збор за планирани и координирани активности кои претставуваат дел од континуираната грижа за уредување на јавниот простор и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Надлежните служби остануваат посветени на теренска работа и на решавање на конкретни инфраструктурни проекти во интерес на заедницата.








