На 30.09.2025 (вторник) во Домот на културата во општина Ѓорче Петров свој концерт ќе одржи Градскиот мешан хор Вардар од Скопје. Концертот е финансиски поддржан од општина Ѓорче Петров во рамките на реализација на активностите предвидени со годишната програма за култура за 2025 година.
Публиката ќе има можност да ужива во дел од богатиот и разновиден репертоар на хорот што опфаќа хорски композиции од различни музички жанрови, периоди и композитори.
Хорот го предводи истакнатата диригентка Јасмина Ѓорѓеска Каро, под чие водство ансамблот бележи значајни настапи во земјата и странство.
Концертот е со почеток во 19:30 часот. Влезот е слободен.