Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес ги потпиша договорите денес ги потпиша договорите со Министерството за транспорт, за реализација на вкупно 21 инфраструктурен проект на територијата на општината, со вкупна вредност од над 280.000.000 денари.

Со овие проекти, во наредниот период ќе се реконструираат и асфалтираат улици во вкупна должина од над 20 километри, опфаќајќи вкупно околу 90 улици и краци низ сите населени места во општината.

Инвестициите ќе се реализираат во Волково, Орман, Кисела Јабука, Кучково, Стопански Двор и Ново Село, а предвидено е уредување на локални улици и краци, пристапни патишта, поставување на ново улично осветлување, како и изградба на нова јавна површина со модерен плоштад и урбана опрема.

Овие проекти се одобрени преку вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти во локалните самоуправи.

„Со реализацијата на 21 проект, со вредност од над 280 милиони денари, Ѓорче Петров добива значајно подобрена и современа инфраструктура. Асфалтираме повеќе од 20 километри улици, односно околу 90 улици и краци, за поудобно и побезбедно движење на нашите граѓани. Благодариме до Владата и проф. др. Христијан Мицкоски за довербата и поддршката. Продолжуваме посветено и плански да ја развиваме општината“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Share