Со пригодна свеченост, денеска беше одбележан 60-годишниот јубилеј на ЈУДГ „Росица“ одопштина Ѓорче Петров.

На настанот присуствуваа воспитувачи, родители, поранешни и сегашни вработени, како и голем број деца кои го исполнија Центарот за култура во Ѓорче Петров со насмевки, песни и игри.

По повод јубилејот, свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој ја истакна важноста на оваа институција за заедницата.

Градинката Росица не е само простор за чување и воспитување деца – таа е втор дом, место каде што се создаваат првите пријателства, се учи за вредностите и се формираат идните генерации. Денес славиме 60 години љубов, труд и посветеност од луѓе кои вложиле се за децата. Ѓорче Петров ќе продолжи со целосна поддршка на ваквите институции, затоа што децата се нашата најголема инспирација и иднина – рече Стојкоски.

Со своето шестдецениско постоење, „Росица“ има оставено длабока трага во животите на илјадници деца и нивните семејства, претставувајќи столб на предучилишното воспитание и едукација во општината.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на унапредување на условите за работа во детските установи, вложувајќи во модернизација, едукација и создавање подобра средина за раст и развојна најмладите.

Share