На градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски му беше доделена благодарница за придонес во иницијатива посветена на децата кои, поради здравствени предизвици, наставата ја следат во домашни и болнички услови.
Стојкоски упати искрена благодарност до Здружението САНО, до Министерството за образование и наука, како и до сите лекари, професионалци и хумани луѓе кои секојдневно докажуваат дека хуманоста нема граници.
-Големо е задоволството кога трудот вложен со срце ќе биде препознаен, но уште поголема е одговорноста кога знаете дека тој труд значел надеж, поддршка и сила за децата. Особена гордост претставува заедничката работа на создавање на првиот Регионален центар за поддршка и повторна социјална вклученост на деца кои поминале низ сериозни здравствени предизвици – место каде повторно се гради верата во себе, во животот и во иднината – рече Стојкоски.
Кога станува збор за децата, додаде градоначалникот, нема компромис, само посветеност, одговорност и човечност.











