Оглас за набавка
Набавка на градежни работи
Име на давателот на услугата: Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ – Скопје
Реф.бр: 0307-18/9-25
- Поканети сте да доставите понуда за набавка на следните артикли:
i. Изработка и монтажа на челична конструкција за лифт изработена од кутијасти профили 10 х 10 х 0,4 цм,
ii. Набавка и монтажа на ѕидни изолациони панели со Д = 8 цм за облагање на челична конструкција од три страни и горен дел како кров и сите потребни опшивки на истата и
iii. Патнички лифт.
Понудата во хартиена форма или по електронска пошта треба да се достави најдоцна до 06.08.2025 година (среда) до 16 часот на следната адреса: ул. Ѓорче Петров бр. 73, Ѓорче Петров, Скопје или на електронска пошта contact@vomojotsvet.org.mk
Б.2
В. Обрасци кои ќе се користат за набавка на градежни работи
В.1 Покана за понуда
- Покана за понуди бр. 0307-18/10-25
Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ ве поканува да доставите понуда за набавка на:
(i) Кутијасти профили 10 х 10 х 0,4 цм за челична конструкција на лифт и
(ii) Ѕидни изолациони панели со Д = 8 цм за облагање на челична конструкција од три страни и горен дел како кров и сите потребни опшивки на истата. - Понудата мора да ги содржи сите ставки од оваа покана наведени во Предмерот. Понудите ќе бидат евалуирани за сите ставки заедно и договорот ќе биде доделен на понудувачот чија што понуда суштински ги исполнува барањата и е со најниска евалуирана цена.
- Понудата на македонски јазик согласно образецот во прилог, треба да ја доставите на следната адреса: ул. Ѓорче Петров бр. 73, Ѓорче Петров, Скопје или на е – пошта: contact@vomojotsvet.org.mk.
Набавката ќе се спроведе во согласност со “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година”. - Краен рок за достава на понуди на наведената адреса е : 07.08.2025 година (четврток)
- Понудата треба да содржи пополнет и потпишан В.2 Образец на понуда, кој е дел од оваа покана за понуди (електронски потпис доколку е доставена по електронска пошта).
Следниве документи се дел од B.2 Образецот на понуда.
• ПрилогB.2-Технички опис и Предмер
Вашата понуда(и) треба да се достави согласно следните упатства.
i. ЦЕНИ: Цените треба да бидат изразени во македонски денари (денари) со вклучен ДДВ и вкупни трошоци за испорака до крајната дестинација на ул. Ѓорче Петров бр. 73, Ѓорче Петров, Скопје
ii. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИ: Понудите за кои е утврдено дека суштински ги исполнуваат техничките и другитебарања ќе бидат оценети со споредба на вкупнта цени согласно точка i. погоре.
При евалуација на понудите, Работодавачот ќе ја одреди за секоја понуда евалуираната цена преку корекција на какви било аритметички грешки во понудата на следниов начин:
(а) кога има несовпаѓање помеѓу износите во бројки и зборови, за точен ќе се земе износот со зборови;
(б) кога има несовпаѓање помеѓу единечната цена и вкупната цена по ставка што произлегува од множење на единечната цена со количината, за точна ќе се земе единечната цена ; Доколку понудувачот одбие да ја прифати исправката, неговата понуда ќе биде одбиена.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАРАЧКА/ДОГОВОР: За најсоодветна понуда ќе биде избрана понудата која суштински ги задоволува барањата во Поканата за понуди и е со најниска евалуирана цена. Со избраниот понудувач ќе се потпише Договор според приложениот формулар на договорот и условите за набавка.
iii. ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА: Понудата треба да е со важност за период од четириесет и пет (45) дена од крајниот рок за достава а понуда(и) наведен во став 4 од оваа Покана за понуда.
Дополнителни информации може да се добијат од: ( да ги пополни давателот на услугата )
Инспекции и ревизии
6.1 Изведувачот ќе ги спроведе сите инструкции на Работодавачот кои се во согласност со важечките закони на местото на испорака.
6.2 Изведувачот ќе дозволи и ќе осигура неговите подизведувачи и консултанти да дозволат, Банката и/или лицата назначени од Банката да ги прегледаат канцелариите на Изведувачот и сите сметки и записи во врска со извршувањето на договорот и поднесувањето на понудата, и таквите сметки и евиденции да бидат ревидирани од ревизори назначени од Банката, доколку тоа го побара Банката. Изведувачот и неговите подизведувачи и консултанти треба да ја имаат во предвид клаузула 3“Контроли и ревизии” од договорот, која предвидува, меѓу другото, дека дејствијата наменети материјално да го попречат остварувањето на правата на Банката за инспекција и ревизија претставуваат забранета практика која е предмет на раскинување на договорот (како и утврдување на неподобност во согласност со важечките процедури за санкции на Банката)
Со почит,
Здружение за поддршка и третман на лица со АС и атипичен развој „Во мојот свет“
В.2 Образец на понуда
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Датум:
До: Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ со седиште на ул. Ѓорче Петров бр. 73, Ѓорче Петров, Скопје
Доставуваме понуда да го реализираме договорот за (набавка на градежни работи) во согласност со условите на договорот кои што се прилог на оваа понуда за договорната цена од _____________ (износ со зборови и бројки) (__) (име на валута) _со вклучен ДДВ. Работите ќе ги завршиме согласно рокот даден во барањето за понуда.
Оваа понуда и Вашето прифаќање на истата ќе претставуваат обврзувачки договор меѓу нас. Ние разбираме дека не сте обврзани да ја прифатите најниската или која било понуда што ја добивате.
Следниве документи се дел од овој Образец на понуда.
• Прилог В.2-Технички опис и Предмет
Потврдуваме дека понудата е во согласност со рокот на важност на понудата како што се бара во Барањето за понуда.
Потпис: __________________________
Име и титула на овластениот потписник_____________________
Име на понудувач: _________________________________________
Телефонски број / адреса на е-пошта ______
Прилог В.2.-Технички опис и Предмер
Реф.бр: 0307-18/11-25
- Технички опис и Предмер
бр. Опис Единица количина Единечната цена Вкупна цена
1 Ископ на јама за возно окно со димензии 176 х 176 и длабина 25 цм и транспорт на шутот до депонија до 5 км парче 1
2 Изработка на бетонска подлога во јамата со дебелина 15 цм м² 1,5
3 Изработка на челична констукција за возно окно од челични профили 10 х 10 х 0,4 цм и бојадисување со заштитен слој кг 600
4 Отварање на врата на вториот спрат со димензии на отвор 120 х 210 цм и транспорт на шутот до депонија до 5км мм 1
5 Вадење на постоечки прозор на прв спрат 100 х 120 цм, истиот да се затвори со гипс со димензии 100 х 120 цм парче 1
6 Опшивање на возното окно со фасадни панели (сендвич панел) м² 35
7 Патнички хидрауличен лифт со две станици и два влеза во кабина од спротивна страна, носивост 400kg, полуавтоматски врати со отвор 90 х 200 цм парче 1
Вкупно
ДДВ
Вкупно со ДДВ
В.3.Образец на договор
Договор за градежни работи
Договор бр. 0307-18/12-25
ОВОЈ ДОГОВОР број __ склучен на ,, помеѓу (име на давателот на услугата ) (во натамошниот текст „Работодавач“) од една страна и _____________________________ (во натамошниот текст „Изведувачот“) од друга страна.
Договорот е склучен врз основа на покана за понуди број __ согласно која Изведувачот доставил понуда за градежни работи наведени во техничката спецификација, по што Работодавачот ја прифаќа понудата на Изведувачот кој е должен да ги изврши овие работи, како и да ги отстрани сите грешки што може да произлезат од нив.
Документот В.2 -Образец на понуда (вклучувајќи Прилог В.2 – Технички опис и предмер ) ќе се смета дека се формира и се чита и се толкува како дел од овој Договор. Овој договор ќе преовладува над сите други Договорни документи.
Овој Договор подетално ги регулира правата и обврските на договорните страни во однос на:
- Изведувачот се обврзува да ги изврши работите опишани детално во документот В.2 „Образец на понуда (вклучувајќи Прилог В.2 – Технички опис и Предмер)
(a) Отстранување на сите дефекти во рок од 15 дена од датумот на доставено известување за дефект од страна на работодавачот, за време на периодот на договорот, како и за сите дефекти што може да настанат во текот на гарантниот период.
(b) Изведувачот ќе ги следи упатствата дадени од Работодавачот.
(c) Времетраењето на договорот ќе биде 49 календарски дена од денот на потпишувањето на договорот.
(d) Изведувачот ќе ја фотографира локацијата/објектот и нејзините услови пред и по завршувањето на реновирањето, а фотографиите мора да се достават до работодавачот најдоцна 2 дена по завршувањето на реновирањето.
(e) Изведувачот ќе ја организира и ќе ја врши работата на начин што ќе овозможи секојдневното работење на институцијата да не биде попречено.
(f) Во случај на промени во количините, ќе се користат единечните цени наведени во договорот. Во случај на нови работи/позиции кои ќе се вршат по налог на работодавачот, тие ќе бидат исплатени по цена која заеднички ќе ја одредат двете договорни страни, а доколку не се постигне договор, работодавачот/надзорот ќе ја определи единечната цена.
(g) Овој договор ќе се изврши во согласност со важечките закони на Република Северна Македонија.
(h) Изведувачот е одговорен за безбедно извршување на сите активности на локацијата.
(i) Лицето/лицата назначени од работодавачот и или/општината ќе вршат редовни инспекции (надзор) на спроведувањето на теренската работа за време на извршувањето за да се утврди дали работата што ја извршил Изведувачот е во согласност со спецификациите и дали го има бараниот квалитет наведен во спецификациите кои се дел од договорот. Работодавачот нема да прифати работи кои не се во согласност со спецификациите и Изведувачот е должен веднаш да преземе мерки за да ги исправи сите недостатоци.
(j) Секоја договорна страна може да го раскине договорот со писмено известување, со отказен рок од 10 календарски дена. Работодавачот се согласува да ги плати извршените работи до денот на раскинувањето на овој договор.
(k) Плаќањето на сите такси, даноци и други давачки во согласност со законите на Република Северна Македонија е одговорност на Изведувачот.
(l) Споровите што можат да настанат помеѓу работодавачот и изведувачот во однос на договорот ќе се решаваат на спогодбен начин. Доколку не може да се постигне спогодба, споровите ќе се решат во согласност со законите на Република Северна Македонија. - Работодавачот се обврзува да му ја плати на Изведувачот цената на договорот во износ од _ (со зборови: __) со вклучен ДДВ и тоа: 100% од вредноста на извршените работи ќе се плати во рок од 30 дена по доставувањето на фактурата, а по одобрувањето на истиот од страна на работодавачот и надзорот , пресметани врз основа на единечните цени и потрошените количини.
- Контроли и ревизии
3.1 Изведувачот ќе ги следи упатствата на работодавачот кои се во согласност со законите што важат на локацијата.
3.2 Изведувачот, како и подизведувачите, ќе и дозволат на Банката и/или на лицата или ревизори назначени од Банката да ги прегледаат и/или ревидираат нивните сметки и евиденција и други документи поврзани со поднесувањето на понудата за работи и извршување на договорот. Непочитувањето на истотопретставува забранета практика која може да резултира со раскинување на договорот и/или санкционирање од страна на Банката (утврдување на неподобност) според важечките одредби за санкции од страна на Банката. - Потврдуваме дека страните се согласуваат овој Договор да стапи во сила на датумот наведен погоре.
Потпис и печат на работодавачот:
ЗА И ВО ИМЕТО НА
Име на овластениот претставник Потпис и печат на изведувачот:
ЗА И ВО ИМЕТО НА
Име на овластениот претставник