1.Споменик на паднатите борци од 1941 -1945 година.
Лоциран во Паркот во Ѓорче Петров. Споменикот е изграден по повод смртта на погинатите борци од НОБ. На овој Споменик секоја година секоја година разни здруженија, граѓани, асоцијации и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров положуваат свежо цвеќе во чест и спомен на паднатите борци.
2.Спомен чешма на паднатите борци од војната во 2001 година.
Четворица млади борци ги дадоа своите животи и по иницијатива на граѓаните е изградена оваа Спомен чешма
3.Спомен плоча на паднатите бранители од војната во 2001 година.
Спомен плочата се наоѓа во с. Волково во чест на четворицата загинати борци кои своите живот ги загубија во меѓуетничкиот конфликт на 10 август 2001 година
4.Споменик на Ѓорче Петров (1864-1921) Споменикот на јунакот Ѓорче Петров е изграден во негова чест и е лоциран во паркот на општината која гордо го носи неговото име.
Автор на споменикот е Велчевски Атанас и е изработен од цинк.
5.Споменик на сите загинати бранители на Р.М. во 2001год.
Споменикот е лоциран во Паркот-Ѓорче Петров,изграден е 2008 год од бел мермер.ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ – За реализација на Програма за активностите на општина Ѓорче Петров од областа на културата и поддршка на невладиниот сектор за 2020 година