Подрачјето на Општина Ѓорче Петров е организирано во облици на месна самоуправа. Согласно Законот за локална самоуправа, во градското подрачје тие имаа назив – урбани заедници, а во населените места – месни заедници. 
За решавање на прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од подрачјето на Урбаните и Месните заедници, согласно Законите, Статутот и овие Правила, граѓаните во Урбаните и Месните заедници сегрижат за покренување на иницијативи:
– за решавање на прашања од комуналната инфраструктура (снабдување со вода за пиење, одводнување на отпадни води, одржување на хигиената и зеленилото, изградба и одржување на патната мрежа, уредување и одржување на гробиштата во селата)
-за одржување на објекти од јавен интерес (улици, културни и спортски објекти,
водоводи и др.),
-за заштита на животната средина и природата(заштита од загадување на водата, воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и сл.)
-за покренување на иницијативи за уредување на просторот.
-за организирање на културни, спортски, забавни и други манифестации и
-за други работи од непосредно, секојдневно значење за животот и работата на граѓаните на подрачјето на Урбаните и Месните заедници (јавен превоз на патници,образование,здравство и социјална заштита).
Урбаните и месните заедници вршаат и работи кои ќе им бидат делегирани од страна на Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров
На територија на Општина Ѓорче Петров има организирани 9 Месни заедници.
  

Координатор на претседатели на Месни и Урбани заедници

г-дин Марјан Стојановски

тел. 071 238 962

  1. УЗ Ѓорче Петров –
  2. УЗ Даме Груев –
  3. УЗ Дексион –
  4. МЗ Волково –
  5. МЗ Кучково –
  6. УЗ Мирче Ацев –
  7. МЗ Ново Село –
  8. МЗ Кисела Јабука –
  9. МЗ Орман –
  10. МЗ Никиштани –
  11. УЗ Хром –
  12. МЗ Волково-Пржина –