Советот на Општина Ѓорче Петров е претставнички орган на граѓаните кој што одлучува врз основа на утврдени надлежности согласно Закон.
Советот на Општина Ѓорче Петров го сочинуваат 23 члена избрани на општи, непосредни, слободни и демократски избори.
Членовите на Советот се избираат со мандат од четири години, ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања.
Надлежност на Советот
(1) Советот:
Го донесува статутот на општината и други прописи;
Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот; и
Врши и други работи утврдени со закон.
(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежниот орган за надзор.
(3) Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.