Историјата на Општина Ѓорче Петров датира уште многу одамна, непосредно по Првата Светска Војна,како предградие на главниот град Скопје до каде се стасувало само со познатото “вовче пампурче”.Најпрвин Општината се викала Ханриево, по францускиот генерал Ханрис, од Првата Светска Војна. Во времето на бугарската окупација 1941 г. го добива името Жостов, по истоимениот бугарски генерал, а во 1945 година по ослободувањето, го добива сегашното име по македонскиот револционер Ѓорче Петров.
Општина Ѓорче Петров е една од десетте општини на градот Скопје оддалечена 5 километри од центарот на градот и се наоѓа на северозападната страна во Скопската котлина, меѓу реките: Вардар, Лепенец и Треска. Општината има и урбанистички и рурален дел и во неа влегуваат населените места: Грачани, Кучково, Никиштане, Орман, Волково и Ново Село.
Денес Општина Ѓорче Петров има 41634 жители, зафаќа површина од 6.693 ха (вклучувајки ги и приградските зони) и се граничи со општините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај.