Општина Ѓорче Петров со гордост е дел од проектот UrbanGreenLeap, кој има за цел да ги поддржи малите и средни медитерански градови и општини во справувањето со климатските промени, спречување на ризици од катастрофи и зајакнување на отпорноста, имајќи предвид дека урбаните подрачја сè почесто се соочуваат со предизвици како што се загадување, преголема урбанизација и екстремни временски појави.
Во период од 33 месеци (од 1 април 2025 до 31 декември 2027 година), проектот има за цел:
· Да го зајакне капацитетот на локалните власти за одржливо управување со зелените површини,
· Да го поттикне учеството на граѓаните во процесите на планирање,
· Да развие Урбани планови за природата кои ќе ја интегрираат биодиверзитетот во урбаните средини,
· Да ја подобри урбаната зелена инфраструктура со цел намалување на ефектите од климатските промени.
Клучни очекувани резултати вклучуваат:
· Стратегии за унапредување на стручната експертиза во областа на урбаното озеленување,
· Пилот-активности на партнерите во проектот, вклучително и создавање на мултифункционален пилот-парк во Општина Ѓорче Петров. Овој парк ќе биде осмислен со посебни содржини за деца, ученици и пензионери,се со цел поттикнување на меѓугенерациска интеракција, рекреација и еколошка едукација,
· Изработка на студии за изводливост за проширување и унапредување на зелените површини во Ѓорче Петров, како стратешки чекор кон долгорочни иницијативи за урбано озеленување.
Проектот обединува 10 партнери од земји членки и нечленки на ЕУ, кои заеднички развиваат иновативни решенија за позелени и поотпорни урбани простори. Водечки партнер на проектот е Општина Цеље (Словенија), а другите партнери се:
· IPoP – Институт за просторни политики (Словенија),
· Општина Јанина (Грција),
· Parkovi d.o.o. (Хрватска),
· Конзорциум Oltrepò Mantovano (Италија),
· Општина Ѓорче Петров (Северна Македонија),
· Општина Будва (Црна Гора),
· Ambiente Italia (Италија),
· CREAF (Шпанија),
· Универзитет во Загреб – Факултет за шумарство и технологија на дрво (Хрватска).
Асоцирани партнери:
· Здружение на урбани општини на Словенија (Словенија),
· Општина Сузара (Италија),
· Град Вараждин (Хрватска),
· Покраина Мантува (Италија).
Буџет на проектот: 2.388.555,00 €
Финансирање од Interreg ЕУ фондовите: 1.910.844,00 €

